Рускиот уметник Леонид Тишков и фотографот Борис Бендиков креираа неколку уметнички дела со наслов „Приватна месечина”, каде се прикажани животот на еден човек и неговата месечина. Тишков вели дека секоја фотографија е поетична бајка, тој има напишано строфи за секоја фотографија. Идејата за овој проект произлегла од сликата на месечина во дрво од Рене Магрит. Убаво!