Мајката ја напуштила, а таткото ја однел во градинка и никогаш не се вратил по неа.
Шест годишното девојче од Кина, Лиу Џијангли живее тежок живот, а природата сурово си поиграла со неа.
Кожата на ова девојче е прекриена со крзно, а врсниците постојано ја задеваат за тоа.
Ниту нејзината мајка не ја сакала, а таткото ја оставил во градинка и никогаш не се вратил по неа.
Ова мало девојче страда од ретко генетско пореметување, кое се јавува кај едно лице од скоро милијарда.
На крај, нејзината необична приказна има делумно среќен крај, бидејќи соседите успеале преку медиумите да го најдат нејзиниот дедо кој прифатил да се грижи за неа.
httpv://www.youtube.com/watch?v=Z22_A0n-840