Тан Чаун, мајка на четири идентични момчиња, ги ишишала момчињата и на главите им оставила само малку коса во облик на броеви од еден до четири – да и помогне на учителката да ги разликува.
Чаун, која потекнува од градот Шенжен, во провинцијата Гуангдонг, донела радикална одлука поради загриженоста дека учителката нема да ги разликува нејзините деца, Јианг Јонлонг, Јианг Јонхиао, Јианг Јонхан и Јианг Јунлин.
“Моите деца се идентични, што и за мене е тешко да ги разликувам. Додека беа многу мали, морав околу зглобовите да им ставам нараквици со нивните имиња”, изјавила мајката, која вели дека децата се разликуваат само по формата на очите.
