Шокантна исповест: На заторенички им ставале глувци во вагината

4 ноември, 20120

Сексуалното насилство, како оружјето и војувањето во Сирија, имало толку брутални размери што чуварите на затворите буквално се натпреварувале кој повеќе ќе се изживува над затворениците.

Најновиот случај на бруталност во еден сириски затвор, каде чувари ставале глувци во вагините на затвореничките, ја вознемири светската јавност.

„Чуварот ставаше глушец во нејзината вагина. Ја праша: „Дали е ова доволно добро за тебе?“, а потоа и го оставија внатре и почнаа да се смеат. Таа некое време беше во агонија, а потоа повеќе не се помрдна“, вели една од затвореничките која успеала да се спаси од пеколот на затворот.

Новинарот на Би-Би-Си, Фергал Кин, нашол и докази за страпните случаи од сексуалното насилство над затворениците, што оди во прилог на тврдењата дека силувањето се користи како оружје за војна во Сирија.

„Силувањето се случува и пред останатите девојки. Ни ги тргаат превезите околу очите за да можеме да гледаме што се случува, а да не знаеме кога нам ќе ни дојде редот“, вели една жена држена во палестинските воени разузнавачки служби во Дамаск.

Според извештаите на Human Rights, размерите на сексуалното насилство не е познати, особено затоа што во општество како сириското таков вид на насилство не се пријавува.

Еден од припадниците на тамошната интервентна полиција раскажал дека еден офицер се фалел по силувањето.

„Еден од нив рече: Додека ја е*eв, толку врискаше, што мора да и беше одлично“, раскажува овој поранешен полицаец.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi