Цезар салата со сланина
Ова е една од многу варијанти на оваа позната салата, кој од оригиналот се разликува само по тоа што се додава сланина.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
100 грама сланина
2 парчиња тост леб
2-3 чешнина лук
1 голема зелена салата
100 милилитри маслиново масло
Сок од еден лимон
2 лажици мелени бадеми
30 грама пармезан
Сол и бибер
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Исечкајте ја сланината и пропржете ја без додаток на масло. Испржената сланина ставете ја на салвета да се упие мрснотијата. Тост лебот исечете го на ситени коцки, лукот ситно исечкајте го. Пропржете го лукот и лебот во маснотијата од сланината. Зелената салата измијте ја убаво и исечкајте ја. Измешајте ги сите намирници.
Изматете го маслиновото масло со сокот од лимон и бадемите. Посолете ставете бибер и со смесата прелијте ја салатата. Одозгора крупно изрендајте пармезан.
Уживајте во вкусот!!!