Ефтин, брз и сочен колач со кокос
Состојки:
За кора:
2 јајца
2 дцл млеко
1 дцл масло
100 гр шеќер
200 гр брашно
1 прашок за пециво
2 лажици какао
Фил:
1 литар млеко
1 филџан шеќер
7 лажици гриз
200 гр кокос
Подготовка:
Се вари гризот во млекото така што се остава млекото да зоврие, а потоа додаваме гриз и шеќер. Се вари на умерен оган десетина минути, се додава кокос и се остава на страна да се олади.
Сите состојки за кора ги додаваме во длабок сад и ги матиме со миксер.
Тепсијата со димензии 25х34 се подмачкува со масло и брашно, се исипува половина од смесата за кора и се пече на 170 степени околу 10 минути. Врз кората се распоредува филот, а врз него остатокот од смесата за кора. Се пече уште 15-20 минути додека не се испече втората кора.
Неопходно е колачот да се пече на умерена температура, немојте дополнително да ја загревате рерната.
Можете да декорирате со чоколадна глазура и кокос.