Стекови во сос од зеленчук
2 март, 20130
Потребни состојки:
- 400гр телешки стек
- 1 црвена и 1 жолта пиперка
- 3-4 домати
- 2 чашниња лук
- 1 дл црно вино
- сол
- бибер
- сецкан магдонос
Начин на подготовка:
Истолчете ги шницлите, посолете и тркалајте во брашно од сите страни, па потоа пржете додека не порумени. Поместете на една страна од тавата или извадете на чинија. Додадете пиперка исецкана на коцки и кратко пропржете, потоа додадете сецкан лук и на крајот домати кои претходно сме ги излупиле и ситно исецкале.
Сега шницлите може да се вратат назад, истурете црвено вино и се зачинете по вкус. Динстајте на тивок оган додека виното не испари, а сосот не се згусне, на крајот посипете со сецкан свеж магдонос. Послужете со прилог од варен ориз или пире од компири по желба.