Чоколадни ѕвездички

2 март, 20130
coko zvezdicki

Потребни состојки:

  • 150гр брашно
  • 100гр густин (пченкарно брашно)
  • 60гр шеќер
  • 30гр какао
  • 125гр путер
  • 1 јајце
  • 2 лажици слатка павлака или млеко

Фил:

  • 100гр бело чоколадо
  • 50мл слатка павлака
  • 3 лажици ликер од кокос или рум

Глазура:

  • 100гр чоколадо
  • 3 лажици масло

Начин на подготовка:

Замесете тесто од наведените состојки, замотајте во фолија и ладете во фрижидер 30 минути. Тестото развлечете го тенко, со модли правете ѕвезди, а потоа со помала округла модла извадете ја средината на половина од ѕвездите. Печете на 190 степени околу 7-8 минути.

За фил, растопете бело чоколадо на пареа, додадете слатка павлака и кога малку ќе се олади додадете ликер. Премачкајте ги бисквитите без отвор.

За глазура, растопете чоколадо со малку масло, прелијте ги ѕвездичките со отвор и кога глазурата ќе се стегне споете ги со премачканите бисквити.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber