Велигден – Благослов за Вашето семејство…

3 мај, 20130
13

Уште еден силен и емотивен ден… Уште една прилика да бидеме најсреќни што сме опкружени со луѓето кои ги сакаме, оние кои нé воспитале за големината на овој свет ден, оние кои ќе ги следат нашите уверувања во славата на вечниот Господ Исус Христос и неговото воскреснување од мртвите…

Традиционално, се одбележува со богат ручек, Велигденска трпеза, кршење со јајца… Но она што го прави посебен, е неговиот дух, кој владее во секое христијанско семејство. Самото заѕвонување на Велигденските ѕвона е чувство на морници, во облик на тивка молитва, кои ги поминува најпрво имињата на оние за кои живееме, оние кои ги сакаме, оние во кои веруваме. Најавата за тој ден, прави сите патишта да се претворат во една, единствена дестинација, наречена дома… Сé се одвива во рамките на најголемото богатство – семејството…

На Велигден, забораваме на сите недостатоци кои ги согледуваме во „ обичните “ денови, не обрнуваме внимание на „ ситните “ проблеми кои секојдневно прават да им се предадеме. На Велигден, се радуваме за она што е околу нас. Го славиме името Христово, со нетрпение очекуваме да надмудриме некој друг член од семејството со нашето јајце кое „ наполнило повеќе години “, на Велигден со задоволство го очекуваме вкусниот колач на мама кој неколку дена не ни беше достапен. На Велигден, го чекаме големиот благослов на тато, за среќна и успешна година. На Велигден, се радуваме на насмевките на нашите деца кои и без да им кажеме, го чувствуваат значењето на овој ден. На Велигден, едвај чекаме да ги слушнеме приказните на нашите баби и дедовци …

И овој Велигден, радувајте се за целината на Вашето семејство. Кажете секому „ Христос Воскресна “, бидете среќни и исполнети, поканете гости и имајте хармонични мигови…

За многу години… Христос Воскресна !!!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *