Последното писмо на старата дама

popara3 март, 20141min00
9

Кога една изнемоштена старица почина на одделението за геријатрија, во една мала болница во близина на местото Данди, Шкотска сите беа рамнодушни. Впрочем, тука многу често умираа старци и старици кои се оставени од некого, некогаш и се чинеше заборавени засекогаш…

Сите мислеа дека оваа старица е склеротична, дека одамна има изгубено чувство за светот околу неа, се чинеше дека болеста го направила своето, па веќе ништо не допира до нејзе. Но, така само се чинеше…

Кога медицинските сестри ја расчистуваа нејзината соба, најдоа еден бел истуткан лист на кој старицата им имаше оставено поема, како единствен белег за нејзиното постоење. Да, поемата беше посветена токму на нив, на сестрите кои се грижеа за неa.

Оваа поема стана толку популарна што излезе во Божиќното издание на магазинот „News“ и така старата шкотска дама која немаше ништо да му остави на светот, всушност остави белег во срцата на многумина…

Поемата на старата дама

Што гледате сестри, о што гледате?

Што ли си мислите кога ќе погледнете во мене?

Намќореста старица, а и не многу мудра,

Несигурна по навика, со празни очи?

Кисела старица на која храната и паѓа од уста и никогаш не добива бар уште малку иако е гладна?

Изгубена и матна, која се чини дека не забележува сè што правите?

Онаа која постојано губи еден чорап или чевел…

Која опирајќи се или не, секогаш ви дозволува да биде како вие сакате,

Да ја бањате и храните додека денот не помине…???

Не! Отворете ги очите сестри, вие не гледате во мене,

Ќе ви кажам која сум додека сè уште сум тука!

Јас сум мало девојче од 10 год, имам мајка и татко,

Имам браќа и сестри кои се сакаат.

Јас сум млада девојка од 16 год, со крилја на срцето,

Сонувам дека наскоро ќе го најдам мојот љубен,

Ќе бидам невеста на 20, а срцево ќе ми потскокнува во гради,

Додека се сеќавам на светите заклетви кои ги давам.

Сега имам 25 и мое мало чедо,

Кое ме чека да го прегрнам, да го водам и да му дадам топол дом,

Јас сум млада жена од 30, моите млади пораснаа брзо,

Врзани со врска, која ќе трае вечно.

Имам 40 и моите синови веќе ретко ги гледам,

Но мојот човек е покрај мене и на ништо не се жалам.

На 50 еве, повторно лулам бебиња на моите колена,

Станав баба и повторно сум жива.

………………………..

Но, еве мрачни денови идат и мојот сопруг е мртов,

Гледам во иднината и се стресувам од страв.

Моите најмили, сега имаат свои најмили,

А јас мислам на времињата на љубов кои ги помнам.

Сега јас сум стара жена… а овој живот е суров!

Староста те прави да изгледаш како будала,

Телото ти се урива, среќата и енергијата си одат засекогаш..

На местото каде некогаш имав срце, сега стои камен,

Но во овој стар труп, сè уште живее духот на една млада девојка

И сега по кој знае кој пат срцето ми потекува и се крши,

И јас повторно се сеќавам на радостите, си припомнувам на болката

И одново живеам и љубам.

Мислам на годините… толку кратки, толку брзо минаа..

И го прифаќам тоа дека ништо не трае вечно.

Па отворете ги очите сестри, отворете ги ширум и видете

Не сум намќореста старица.. Пријдете поблиску и погледнете

Видете ме МЕНЕ… Видете се СЕБЕ!!!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag