Состојки:
7 кроасани полнети со чоколаден крем
1 литар млеко
6 јајца
2 филџани шеќер
Исечете ги кроасаните на покрупни парчиња и внимателно подредете ги во тава, чие дно претходно сте го карамелизирале со дел од шеќерот. Изматете ги добро јајцата, па во тоа додадете го млакото млеко и преостанатиот шеќер. Кремот се загрева на водена пареа се додека не се згусне. Исипете ја смесата врз кроасаните и печете во претходно загреана рерна на 180 степени додека се стегне кремот. Откако ќе се олади десертот, се превртува и се сече. Се сервира со топка сладолед или карамел топинг.