Верувале или не, овие бајовити ливиди не се дигитален отпечаток на нашите соништа, туку реални фотографии, направени во паркот Хиташи, Јапонија.
Градината се наоѓа на површина од 190 хектари и во текот на целата година овде цветаат најразлични цветови. Најпознати се немофилите – секоја пролет 4,5 милиони од овие прекрасни цветови ги преплавуваат ливадите.
Паркот е толку познат со немофилите што привлекува многу туристи, па фотографите треба да користат Фотошоп за да ги отстранат од кадар, бидејќи речиси е невозможно да се фотографира пејсажот, без да бидат присутни луѓе.