Погледнете го новото лице на Рене Зелвегер овојпат без шминка
Недела дена откако се појави на црвениот тепих со своето ново лице, Рене Зелвегер за прв пат е фотографирана без шминка. За жал ефектот е уште позастрашувачки.
Актерката која ја паметевме по благиот израз на лицето, сега е потполна парализирана во гестикулациите поради корекциите кои што ги направи на лицето.
И со шминка и без шминка лицето на некогаш атрактивната русокоса изгледа непрепознатливо. Кожата е затегната до тој степен што Рене не може ниту правилно да се насмее. Сепак, она што за другите е шокантно, за неа е убава промена.
-Драго ми е што изгледам поинаку! Живеам поинаков, среќен и исполнет живот и возбудена сум од тоа дека можеби се забележува, изјави таа.
Гледајќи ги фотографиите, мораме да се запрашаме „Што е тука среќно?!“
Како ви се допаѓа новиот изглед на Рене?
И колку за споредба, вака изгледаше пред да направи пластична операција на очите и конкретно на горните очни капаци:
Токму тоа, спуштените очни капаци ја правеа специфична и привлечна. Оваа жена направила ужасна грешка според нас!