Највкусните домашни ѓевреци

4 декември, 20140
18

Состојки:

25 гр свеж квасец
50 гр стопен маргарин
1 јајце
2 лажици шеќер
1 лажичка сол
1 жолчка
2 лажици млеко
250 мл. млако млеко
500 гр брашно и плус по потреба

Подготовка:
1. Брашното го просејуваме.
2. Во длабок сад го ставаме брашното и правиме во средината дупка, го рониме квасецот, додаваме 2 лажици шеќер и го ставаме целото млако млеко и оставаме квасецот да стаса.
3. Изработуваме доста тврдо тесто, го покриваме со крпа и го оставаме да го зголеми волуменот.
4. Кога тестото ќе стаса внатре додаваме 1 јајце, стопениот маргарин, сол и брашно за да добиеме меко и еластично тесто и се добро измесуваме околу 4-5 мин, за сите состојки добро да се соединат. Го покриваме тестото со крпа и го оставаме повторно да стасува.
5. Стасаното тесто го делиме на 7 дела и од секој дел правиме сукалца долги 40 цм и краевите ги составуваме.
6. Ѓевреците ги премачкуваме со жолчка во која сме додале 2 лажици млеко и ги наросуваме обилно со сусам.
7.Се печат во подмачкана тепсија на 180 Ц додека не добијат убава румена боја.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi