Православните христијани се подготвуваат за големото чествување на Христовото воскресение

17 април, 20140
19
Денес е Велики четврток. Пред изгрејсонце домаќинките ги вапцаа  првите три велигденски јајца со црвена боја- симбол на светата пролеана крв на Исус Христос.  Првите три јајца се чуваат во текот на целата година, кои според верувањата го штитат домот и семејството од болест и зло и истите не се расипуваат.
На Велики четврток,  Исус Христос се вратил во Ерусалим каде ја востановува Новозаветната Пасхална жртва. Црквата на овој ден си споменува за светото миење на нозе, Тајната вечера, предавањето на страшните тајни, Првосвештеничката натприродна молитва и самото предавство на Синот Божји.
По Тајната вечера ноќта меѓу Велики четврток и Велики петок, Исус Христос бил пронајден и фатен кај Гетсеманската градина. Велики петок се празнува со свети литургии и принесување на бескрвната жртва со читање извадоци од евангелијата од делот кој ја опишува неделата на страдањата на Синот Божји.
На тој ден бијат дрвени ѕвона, а не камбани се’ до недела, кога за прв пат ќе се огласи радоста за христовото воскресение. Православниот канон за Велики петок предвидува строг пост и на тој ден на христијанска жалост, во знак на таговно сеќавање на настаните, не се работи ништо. На Христос му бил ставен венец од трње на главата и тежок крст кој го носел до ридот Голгота, каде што бил распнат.
Според христијанското учење, страдањето му претходи на воскресението, а без страдање и смрт нема воскресение.
Велигден или Ден на христовото воскресение, што оваа година паѓа на 24. април е најважниот верски празник во православниот календар и се смета за “Празник над празниците“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi