Со цел на гледачите подетално да им го објаснат процесот на истрагата на исчезнатиот авион на CNN се послужиле со макета поради што предизвикале бурни реакции, секако негативни, кај гледачите и буквално на сите социјални мрежи.
За мистериозното исчезнување на малезискиот авион сеуште нема конкретни информации веќе недела дена после исчезнувањето, а само шпекулации и теории кои претпоставуваат што се случило со Боингот со 239 патници.
Мислам дека CNN ќе ја разреши мистеријата бидејќи користат играчка и прогнозер за објаснување на нивната теорија – е еден од коментарите на револтираните гледачи.
Како изгледала CNN демонстрацијата погледнете во видеото во прилог:
httpv://www.youtube.com/watch?v=iPY_x2R5WRk