Џена Џејмисон: Совети за мажите! Ова треба да го правите во кревет!

popara9 јануари, 20151min00
jenna-jameson

После долгогодишната порнографска кариера, оваа порно дива одлучи да ги посоветува припадниците на машкиот пол и призна како таа би сакала да се однесуваат во нејзиниот кревет, но и што сè мора да знаат за да го унапредат својот сексуален живот.

1. Комплименти
Секој ден кажувајте ѝ на вашата драга дека има одличен задник. Да! Иако звучи преедноставно, многу е важно. Тоа го промени мојот живот. Кога одам гола по станот мојот маж веднаш коментира “О, Боже, колку си неверојатна” и тоа ме прави многу посигурна за време на сексот, бидејќи се чувствувам послободно. Не мислам на ништо друго, не мислам на целулитот. Најважно од сè е жената да се чувствува убава, посакувана и секси.

2. Никогаш не зборувајте за бившите девојки
Никогаш, па дури ни тогаш! Дури и ако мислите дека ги споменувате нејзините лоши маани, едноставно заборавете на тоа. Фактот дека се потсетувате на бившата девојка нè лути. Избегнувајте го тоа по секоја цена. Ако таа се обиде да ве вовлече во таков разговор, мудро молчете. Заобиколете ја таа тема бидејќи вашата понежна половина ве тестира.

3. Без брзање во сексот
Иако си возбуден и сакаш веднаш да продреш во својата драга, немој. Одолговлекувај до моментот додека таа не те замоли. Тоа е многу важно, жените знаат да го ценат тоа. Кога ќе запознаете нова жена не навалувајте на секс веднаш. Покажете дека знаете да се контролирате и да ја цените. Иако многу мажи за време на одложувањето полудуваат, се исплаќа.

4. Зборувајте за време на сексот
За време на сексот зборувајте. Шепнете и колку е неверојатна и колку убаво мириса. Кажете и дека е подобра отколку што сте замислувале. Девојките го обожаваат тој начин!

5. Заспијте заедно
Само ставете ги своите раце околу неа, кажете ѝ дека беше неверојатно и потонете во сон заедно. Не разговарајте за работата и за она што ве чека утре. Само опуштете се. Заборавете на светот, само прегрнете ја и сонувајте заедно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag