Прочитајте што мислат Кики, Жељко, Емина и Кристина за победата на Даниел!

25 март, 20142
daniel4

Според неговиот ментор, Жељко Јоксимовиќ, Даниел го заслужил триумфот.

-Даниел од самиот старт беше фаворит и ја заслужи победата. Не сакав како Кристина да се изјаснувам на почетокот. Ако Даниел ме побара, ќе работам со него. Ова е значајно искуство и за натпреварувачите и за нас менторите. Никогаш не сум бил подржувач на овие натпреварувања, но мислам дека за „Икс Фактор” ќе има многу убави зборови, вели Јоксимовиќ.

Емина Јаховиќ пак, вели дека ја очекувала неговата победа.

-Не сум изненадена од победата на Даниел, затоа што од самиот почеток знаевме дека има големи шанси затоа што е најдобар вокал. Се случуваше додека го гледав на сцената, да имам влијание дека залутал во натпреварувањето и дека е само гостин затоа што секоја изведба му беше одлична. Моментално соработувам со своите момци, а со Даниел со задоволство би работела.

За Кики Лесендриќ, Даниел се покажал дека е „профи”.

-Според моето мислење, победата на Даниел беше очекувана затоа што тој долго беше најстабилен и најсериозен кандидат. Повеќе пати се покажа дека е професионалец. Имавме среќа што оваа сезона имаше многу квалитетни пејачи, и навистина беше тешко да стигне до крајот и да триумфира. Тој сигурно ќе знае да ја искористи својата популарност, нагласува Кики.

Кристина Ковач, потенцираше дека неговата победа е прва заслужена победа.

-Среќна сум што Даниел победи. Можеби ова е прв пат победата да е целосно заслужена. Нормално, сите натпреварувачи имаа проблеми но и успеси, но Даниел, кога беше во целосна форма, со милји беше подалеку од сите. Верував во талентот на Докторите. Бев разочарана што не влегоа во топ три, затоа што тоа им беше голема желба.

2 comments

  • jovanka

    25 март, 2014 at 18:52

    Браво за нашиот Даниел , победник на икс фактор. Само Даниел и легендата Тоше Проески ги пеат хитовите на безвременскиот Роби Вилијамс.

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi