Еве што велат ѕвездите: Дали оваа година ве очекува некоја нова или можеби стара љубов?

popara7 декември, 20141min00
10

Еве што велат ѕвездите..

Астролошките симболи на љубовта, комуникацијата, моќта и харизмата, Венера, Меркур, Плутон и Сонцето во знакот на Јарец, на секој му донесуваат по нешто, нова љубов, стара симпатија, но и принова.

Овен

Вашата духовитост, спонтаност, а посебно вашиот непреминлив дрски шарм, оваа зима доаѓа до израз.  За вас може да се заинтересира некоја постара, доминатна личност, која ја познавате преку работата или ќе ве заинтересира средбата со старата симпатија.

Бик

Вашиот лежерен став оваа зима секако ќе биде во прв план, посебно ако планирате одмор во некој планински амбиент во странство. Со домашно вино и домашна трпеза, вашето внимание може да привлече една многу шармантна личност или некој кој доаѓа од друг град.

Близнаци

Вашата популарност кај спротивниот пол ве води кон нови љубовни доживувања. Лесно стекнувате познатства, сјаете со духовитоста и неодоливиот шарм, па на некоја забава, можно е на роденденска, можете сјајно да си поминете во друштво на харизматична личност.

Рак

Вашиот префинет сензибилитет доаѓа до израз во некој ресторант покрај река, каде на прв поглед можете да се заљубите во многу атрактивна личност. Доколку сте во зрелите години, партнерот ви спрема некое изненадување, а ако сте млади, можно е зголемување на семејството.

Лав

Со елегантната појава и вродениот магнетизам предизвикувате внимание на спротивниот пол, каде и да се појавите. На некоја забава, во луксузен ресторант или домашна забава, веројатно ќе се обиде да ви се приближи една харизматична, но најверојатно зафатена личност.

Девица

Иако ве бие глас дека само работите, сепак оваа зима ќе најдете начин да се опуштите. Мноштво планети во астролошкото поле на љубовта , може во животот да ви донесе личност со која можете да влезете во долга врска, па дури и брак. Ако сте зафатени, можно е зголемување на семејството.

Вага

На некое семејно собирање, во пријатна атмосфера во вашиот или домот на некој член од семејството, вашата елегантна појава може да привлече внимание на личност која ќе се потруди да ве освои. Доколку сте зафатени, ве очекуваат пријатни заеднички моменти со саканата личност.

Шкорпија

Било да сте млади или во зрелите години, елегантни сте и заводливи па како магнет го привлекувате спротивниот пол. Ако патувате, на некоја забава ве очекува средба со стара симпатија или личност од која ве дели разлика во годините.

Стрелец

Секогаш отмени, лесно воспоставувате контакти и стекнувате познатства. Нема тема за која не може да се зборува со вас. Во друштво на пријатели, дома или во некоја кафеана, можете да ја запознате личноста која ќе даде се од себе за да ве освои.

Јарец

Иако ве бие глас дека многу работите и вие знаете да уживате. Духовити сте и имате став. Добрите пријатели можат да ве повикаат на некој весел собир , на кој меѓу многубројните покани, веднаш ќе забележите една заводлива, маркантна личност.

Водолија

Вашиот лежерен став и автентична појава, не можат да останат неприметени, каде и да се појавите. На некој музички настан, концерт и роденденска прослава, можете лесно да станете “плен” кој секој ќе сака да го освои.

Риби

Вашиот тивок шарм никој не остава рамнодушен. Ако сте дама, во романтичен амбиент на некој ресторант покрај вода, ве очекува познатство со многу маркантна  и доминантна личност. Ако сте маж, можете да сретнете некој кој некогаш ви бил многу драг.