
За да направите масажа со мед во домашни услови потребно е да ги намачкате проблематичните зони со тенок слој мед. Откако ќе го намачкате телото, поставете ги дланките врз покриената со мед кожа (важно е рацете да се суви) и одлепувајте. Првите неколку пати кога ќе одлепувате, ќе биде лесно, но секој наред пат отпорот ќе биде потежок.
И покрај слабата болка, која се чувствува за време на масажата, процедурата е исклучително ефикасна.
Вакумот што се создава при одлепување на рацете од кожата го разбива целулитот, а истовремено така се подобрува и циркулацијата.
Процедурата трае се додека медот кој останува по рацете не добие бела боја, што од прилика не е повеќе од 10 минути.
Масажата се прави секој втор ден, во текот на еден месец.
