Извадете ги смртоносните пломби и ќе оздравите од многу болести

popara2 декември, 20141min00
11

Повеќето стоматолози најверојатно никогаш нема да ви признаат дека стоматолошкиот материјал поставен во вашата уста е причина за многу болести и нарушување на генералното здравје на човекот.

Имено, конвенционалната стоматологија на големо придонесла за зголемување на хроничниот умор, емотивната нестабилност, депресија, вродени мани, мултиплекс склероза, алцхаимерова болест, како и многу други дегенеративни болести.

Најевтиниот стоматолошки материјал, сребрената (амалгамска) пломба, е опасна и смртоноста, затоа што во себе содржи жива.

Оваа пломба во себе содржи дури 54% жива, а некои луѓе ваквите пломби во својата уста ги носат повеќе од една деценија. Многу стоматолози и светската здравствена организација ги негираат ваквите тврдења, кои посочуваат на опасностите од овие пломби.

Доктор Hal Huggins кој прв почна да ја разоткрива вистината за овие пломби, а поради тоа дојде во судир со голем дел од својата фела, вели дека и најмала количина на жива во човековото тело е опасна по живот.

За пример посочил еден експеримент со јајце клетка, која во допир со жива не успева да се сврзе со матката иако оплодувањето на јајцеклетката било успешно.  Huggins тврди дека живата во човековата уста испушта гасови 24 часа на ден кои можат да бидат причина за многу болести опасни по живот.

Најголема причина за хроничниот умор имено е живата која се наоѓа во устата на луѓето, и делува константно се додека не се извади.

Huggins својот живот го посветил на пружање безплатна помош на луѓе кои се затруени со жива преку амалгамските пломби во својата уста. После објавувањето ан својата студија, и вистината за сребрените пломби, добива отказ и тешко шиканирање од својата стручна фела, но продолжил да делува во таа насока.

Huggins упатувајќи порака до луѓето во светот предупредува:” Извадете ги сребрените пломби, и ќе оздравите од многу болести.”

Сребрените (амалгамски) пломби почнуваат да се користат во 1800 во Франција, и стоматолозите од целиот свет ги користат од тогаш па до денес. Нивното производство е ефтино и исплатливо, и најчесто се ставаат кај луѓе кои стоматолошкото лекување го добиваат преку социјалното осигурувње.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma