Прифатете го вишокот килограми: Таа се гордее со своето сало!

popara25 февруари, 201417min00
Прифатете го вишокот килограми: Таа се гордее со своето сало!

Ерин Кини има 43 години и е мајка на две деца. Таа е стенд ап комичар во Торонто и во обид да ги охрабри жените да го прифатат своето тело, особено после раѓање, направила домашно видео каде главна улога игра нејзиниот стомак и нагалено го нарекува мафин.

Додека нејзиното салце на стомакот е во прв план, таа рапува со соодветни стихови “скокај салце скокај“. Ерин објаснува дека и се смачило од фотографиите на познатите филмски и останати убавици кои после раѓање изгледаат како да не родиле.

Тоа воопшто не е реалистичен поглед на светот. Со цел моите две ќерки да научат што е нормално, јас ќе им го покажам моето тело такво какво што е  – вели Ерин.

Видеото го снимил нејзиниот сопруг Брет кој ја подржува во она што таа на комичен начин пренесува сериозна идеја.

httpv://www.youtube.com/watch?v=8JuJHGeuaf4

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag