Потребни состојки:
- 500гр мешано мелено месо
- 100гр презла
- 2 јајца
- 20-25 маслинки полнети со пиперка
- бибер
За сос:
- 2 лажици мелен зелен бибер
- 1дл павлака за готвење
- 100гр варен спанаќ
- сол по потреба
Начин на подготовка:
Меленото месо помешајте го со презла и јајца да добиете хомогена смеса. Додадете бибер и сол и уште еднаш помешајте. Со влажни раце издвојувајте по малку месо во средината додадете ја маслинката и обликувајте ги ќофтињата. Држете ги 20 минути во фрижидер, па наредете ги на подмачкан плех и печете околу половина час на 280 степени. За време на печењето свртете ги од другата страна. Сварете спанаќ и иситнете го во блендер, во тенџере соединете ги сите состојки, Варете една до две минути и тргнете од оган.