Руската ракета “Протон“ наместо во вселената завршила во водите на Тихи Океан, јавија медиумите во Русија. Ракетата со три навигациски сателити била лансирана вчера од космодромот Бајконур во Казахатсан. Кратко време по полетувањето таа паднала во океанот северно од Хаваи. Грешката настанала во системот за лансирање, сателитите не успеале да стигнат до орбитата, туку, се вратиле во атмосферата, информирал портпаролот на вселенската агенција “Роскосмос“, објави весникот “РИА Новости“. Инаку, руската програма Глонас – М е наменета за цивилните и воени корисници во Русија.
Извор: Нетпрес