1 дел од Најпознатите шпиони во историјата на шпионирањето: Рудолф Абел Иванович

slobodan24 септември, 20101min00
Rudolf Abel Leaving Court

Потекло на делото. Вечерта, на 22 јуни 1953 година, едно момче што вршело испорака за Бруклин Орел компанијата, тропналo на една врата во станбена зграда во 3403 Фостер авенијата во Бруклин. Вратата ја отвори една жена, исчезна за миг, а потоа се врати со чантата во рака. Таа рече: “За жал Џими, јас немам ништо ситно, ќе може ли да ја раситниш оваа банкнота за мене?” Момчето ги пребројуваше парите во џебот, но не беа доволно. “Ќе ги прашам луѓето од спротива дали имаат”, рече тој. Имаше две дами во станот наспроти. Тие извадија пари за да му раситнат на момчето. Откако си ги собра парите, Џими ја напушти зградата, тропкајќи со неколку парички во неговата лева рака. Една од монетите се чинеше дека има чуден прстен. Тој ненамерно ја испушти монетата на земја, таа се скрши, а од неа излезе мала фотографија, слика со серија од бројки.
Два дена подоцна, на 24 јуни 1953 година, за време на дискусија за друга истрага, детектив од полицијата во Њујорк му кажа на агентот од ФБИ дека слушнал за чудниот никел, кој е откриен од младо момче. Детективот ја добил информацијата од друг полицаец, чија ќерка се познавала со момчето.
Кога детективот од Њујорк го исконтактирал Џими, тој му го предал шупливиот никел и фотографијата која ја содржеше истиот. Детективот ја даде монетата на ФБИ. Кога се истражуваше никелот, агентот од ФБИ во Њујорк забележал микрофотографија која имала десет колони машински напишани бројки. Имало по пет цифри во секој број и 21 број во повеќето колони. Агентите веднаш се посомневаа дека пронашле кодирана шпионска порака. Грижливо го спакуваа никелот и микрофотографијата, и ги испратија во главната ФБИ лабораторија. По приемот во Вашингтон на 26 јуни 1953 година, никелот беше подложен на темелна контрола од тимот на научни експерти на ФБИ. Шупливите парички иако ретко ги приметуваат обичните граѓани, понекогаш се користат за магионичарски дела и понекогаш доаѓаат во судир со законот. Но, ова беше прв пат ФБИ да се судри со шуплива паричка, слична на оваа. Лицето, предната страна на монетата од никел, била од со Џеферсон од 1948. Во буквата Р од зборот Верба имало тенка мала дупка, која очигледно ја дупчат за да може потоа со игла да се отвори никелот. Задната страна од монетата била направена од друг никел, произведен во текот на периодот од 1942-1945 година. Затоа што била составена од бакарна и сребрена легура, се претпоставува дека е правена во текот на Втората светска војна. Додека се правеа напори за да се декодира пораката во микрофотографијата, ФБИ агентите од Њујорк започнаа истрага за да се најде изворот на шупливите монети. Двете дами кои му ја раситнија банкнотата на момчето-доставувач вечерта на 22 јуни, беа лоцирани. Да, тие се сеќаваа на Џими, но рекле дека ниедна од нив не му дала таква пара на момчето, и дека никогаш не виделе шупливи монети, ниту чуле за истите дека постојат. Сопствениците на продавниците за весници и слични дејности во Њујорк, кои се наоѓаа во близина на таа адреса, беа контактирани. Фотографиите од шупливите монети им биле прикажувани за да се присетат дали некогаш стигнала таква пара до нивните раце. Во Вашингтон пак, секој обид да се дешифрира микрофоторафијата, завршувал со неуспех. Исто така, не можело да се открие која машина се користела за подготовка на кодираната порака. Била прегледани сите датотека на ФБИ, кои ги содржат сите произведени машини во САД и во странските земји. Од 1953 до 1957 година биле правени постојани напори за да се разоткрие мистеријата на шупливата монета. Неколку поранешни разузнавачки агенти кои беа избегани од комунистичкиот блок биле контактирани, но не можеле да споделат никаква информација бидејќи немале никакви сознанија за случајот. Како што потрагата се ширела надвор од границите на САД, така пред агентите на ФБИ биле претставувани разни трик парички, шупливи метро токени, пронајдени на различни локации низ земјата. Од Њујорк била дадена сомнителна половина од банкнота од 1 долар, а од Лос Анџелес дошол чуден изглед на пени со Линколн од 1953. ФБИ научниците утврдија дека таа била обложена со никел. Две шуливи парички биле пронајдени и во Вашингтон, но ниедна од пените или паричките кои стигнале во лабораториите, не можела да се поврзе со онаа на доставувачот Џими, монетата со Џеферсон од 1948 година. Во полето на контраразузнавање трпението е повеќе од доблест, тоа е апсолутна неопходност. Со месеци, напорите и љупобитствата на научниците истрагата ги носела од една на друга слепа страна. Сепак, постојаните истраги и пребарувања да се дознае и идентификува лицето кое ја донело шупливата пара од никел во Њујорк, како и лицето за кое шифрираната порака била наменета, не застанаа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma