Денеска рано сабајлево медиумите од Хавана – Куба, јавија за урнувањето на патнички авион ATR-72-212 на Кубаско-карибиската авиокопманија во центарот на земјата, при што загинаа 68 луѓе, меѓу кои 7 членови на екипажот и 28 странски државјани. Кубанските власти јавија дека нема преживеани во несреќата, авионот летал од Сантијаго и се урнал во планинска област, во близина на селото Guasimal. Во листата на жртвите биле девет Аргентинци, седум Мексиканци, три холандски државјани, двајца Германци, двајца Австријци, и по еден државјанин на Франција, Шпанија, Италија, Венецуела и Јапонија и седумте члена на екипажот кои биле од Куба.