Асанж бил затворен со убијци на деца и со педофили

slobodan20 декември, 20101min00
julian-assange-wikileaks

Новинарот и сопственик на моментно најконтроверзната интернет страница во светот “Викиликс“, Џулијан Асанж (39), за најтиражниот шпански весник “Ел Паис“ ја раскажал својата ноќна мора, која ја преживеал за време на својот краток престој во затвор. Рекол дека никогаш нема тоа да го заборави. Бил затворен во оддел со педофили и убијци на деца. По цели ноќи затворениците урлале за злосторствата кои ги сториле. Тој имал поддршка од поголемиот дел чувари во затворот, а еден од стражарите му дал лист хартија на кој пишувало:
“За мене во животот постојат само двајца јунаци. Едниот е Мартин Лутер Кинг, а вториот си ти“. За време на престојот во затворот, Асанж останал без еден заб. Додека јадел во оброкот имало парче метал. Па кога загризал го искршил забот.
“Не знам дали некој ми го подметна или пак стануваше збор за незгода“, рекол Асанж. Понатака раскажал дека скршениот заб го завиткал во салфета, но дека потоа исчезнала од неговата ќелија додека бил на вежбање.
“Најверојатно наскоро ќе се појави на продажба на Е-Беј“, рекол на шега и додал дека се сомнева оти чуварите ја зеле салфетата за да нема докази за несреќата.
Понатака во интервјуто за “Ел Паис“, Асанж вели дека добива смртни закани од американски војници. Тој тврди дека закани добива и неговиот син Даниел (20), како и неговиот адвокат. Британската полиција сериозно ги примила заканите и стравува дека некој ќе го убие, па затоа додека бил во затворот и откако излегол, не му дозволувале да зборува со новинарите. Американскиот потпретседател Џо Бајден, го нарекол шефот на “Викиликс“, “високотехнолошки теорист“. Тој потврдил дека САД бара начин да го тужи бидејќи ги довел во опасност животите на војниците во сите делови од светот.

Извор: Нетпрес

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma