Терористи планираат да ја отрујат храната на Американците

21 декември, 20100
Doner Kebab

Американските тајни служби изјавиле дека постои сомневање и закана за труење на храната од страна на терористи, така да веќе испратиле предупредување до сите хотели и ресторани. Уште на почетокот на оваа година тајните служби започнале со претпоставување какви се облици на тероризам може да им се случат, и дека постои опасност од труење на хранта со цијанид и рицин. Оваа терористичка закана се поврзува со истата терористичка група која во октомври месец проба да ги крене во воздух два товарни авиони на американското источно крајбрежје, но нападот беше спречен. Позади тој план стоеше Ал Каеда. Во терористичкиот пропаганден материјал пишувало дека тие планираат напдаите кон непријателот да се мали, но почести. Во тие материјали имало и упатства како да се направат овие два отрови. Особено е лесно да се направи рицинот, кој се добива од зрното на рицинус, а кој расте насекаде во светот. Фармацевтите од Универзитетот Сент Џорџ, објасниле дека минимамлни дози на цијанид и рицин можат да бидат фатални, што дополнително зборува за сериозноста од нови терористички напади.

.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *