Марк Вилберг и Вил Смит во бокс меч за 1 милион долари

20 декември, 20100
wallpaper-di-will-smith-67710

На Марк Вилберг и Вил Смит им е понудено 1.000.000 $ да влезат во ринг и да боксуваат. Парите ќе бидат наменети во добротворни цели. Актерите и на големото платно имаат глумено како боксери, Марк во филмот “The Fighter” и Вил во филмот “Ali”. Извршниот директор на Боксерската Федерација на Холивуд, Дајмон Фелдман се надева дека тие ќе ги вкрстат ракавиците во рингот во Февруари. Дејмон вели: “Ова ќе биде одлична можност за двете ѕвезди да влезат во рингот и со тоа да донираат милион долари во добротворни цели. Тоа ќе биде голем настан. Можете ли да замислите?
“Двајцата актери имаат тренирано со професионални боксери за потребите на нивните филмови. Ако Вил 42, и Марк 39, се согласуваат да учествуваат, тие ќе се борат во три рунди во траење од една минута на 26 Февруари 2011 во Лас Вегас, точната локација се уште не е објавена. Дејмон додава дека тие нема сериозно да влезат во дуел, туку ќе направат едно мало боксерско шоу за гледачите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi