Берово

slobodan27 септември, 20101min00
berovo

Природни убавини, добра храна, чист воздух е она што овој град го нуди, што е повеќе од доволно за прекрасен и мирен викенд. Сместувачки капацитети се во голем избор почнувајќи од самиот град, капацитетите покрај Беровското езеро, на Абланица и во Пехчево. Пристигнувањето до овој град се одвива со автомобил или со меѓуградскиот автобуски превоз. Берово е град во источниот дел на Република Македонија, кој е сместен под падините на Малешевските планини на површина од 595 km. Во негова близина се наоѓа и Беровското Езеро. Берово се наоѓа 161 km од Скопје, 47 km од Струмица и 52 km од Кочани. Берово е сместено во источниот дел на Република Македонија во Малешевската Котлина на површина од 595 км. Богатство од букови, борови, дабови шуми го одредиле и неговото име “Малеш – планина”.
Клима
Берово кој е дел од Малешевската Котлина, има умерено-континентална клима со модификација на климата во високите планински и рамнински делови. Локалитетот Берово има значително пониска средна годишна температура на воздухот од подрачјата на иста надморска височина во поширокиот дел на оваа котлина.На надморска височина од 800 м, средна годишна температура изнесува 11,1 °C , а во Берово 8,7 °C. Најстуден месец е јануари со просечна температура од -10 °C,а најтопол месец е јули ,со просечна температура од + 18 °C.
Етимологија на името
За тоа како го добило Берово своето име, постојат две верзии. Според првата, тоа го добило своето име по името на некој си сточар Беро. Аргумент за ова е постоењето на таканаречената Берова ливада, во атарот меѓу селата Мачево и Робово, за која се смета дека му припаѓала на овој сточар. Според втората верзија која е поверојатна името Берово произлегло од тоа што луѓето се береле(се собирале) на тоа место. Се поставува прашањето од каде се берело населението. Па од старите населби во месноста Туртела, Селцаа, Рибница,Раздоло, Клепало, Добри Лаки и други, а подоцна и од другите Малешевски села.
Цркви
Манастир Св. Архангел (женски манастир)
Манастирот “Св. Архангел” што се наоѓа во Берово е единствениот манастир кај нас во кој непрекинато се одвива монашки живот веќе 153 години, токму онолку колку што се стари и конаците. Манастирот е женски, а монаштвото го започнала сестра Евгенија во 1848 година. За изградбата на црквата “Св. Богородица” и зачетоците на сестринството во манастирот, во Берово се раскажува легенда за која дури и црквата вели дека е вистинска случка.
Манастир Успение на Пресвета Богородица (машки манастир)
На ова место имало црква посветена на Успение на Пресвета Богородица која била обновена и прилагодена за монашки живот, па со тоа е преобразена во Манастир. Во 2002 година, од Водочкиот манастир со благослов на владиката Наум тука се доселило тричлено братство. Така за првпат во Берово беа ставени почетоците на машкото монаштво. Самиот локалитет има посебно значење за беровчани, како место на поклонение и молитвено почитување на Пресвета Богородица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma