Денеска во Атина бомби стигнаа до адресите на пет амбасади, а две бомби експлодираа, прво пред швајцарската амбасада, а подоцна и пред руската. Останатите бомби беа наменети за германската, бугарксата и чилеанската амбасада, до кои стигна полицијата и успешно беа деактивирани. Медиумите јавуваат дека нема повредени лица од експлозиите. Бомбите пристигнаа само еден ден, откако вчера предупредувања беа испратени од страна на полицијата, дека биле уапсени две лица осомничени за доставување на експлозивни уреди кои биле наменети за претставништва на странските земји во главниот град на Грција. Кај уапсените лица, било пронајдено оружје и список со адресите на странските амбасади во Атина.