Прв случај на колара пријавила Доминиканската Република. Заболениот бил доселник од Хаити, кој неодамна се вратил од таму, информирал доминиканскиот министер за здравство Баутиста Рохас. 32- годишниот болен, со занимање градежен работник бил ставен во изолација во болница во источниот дел на земјата. Власите на Доминиканската Република ја прекинала контролата на границата со цел спречување на ширење на заразната болест од соседен Хаити.
Извор: Нетпрес www.netpress.com.mk