Џиаобо ја посвети наградата на “изгубените души“ од Тјенанемен

slobodan9 декември, 20101min00

Кинескиот дисидент Лиу Џиаобо денеска ја доби Нобеловата награда за мир на цеременија во Осло напротив острото противење на официјален Пекинг.
Џиаобо, кој се наоѓа на одслужување 11 години затвор, порачал дека оваа награда ја посветува на “изгубените души“ од протестот на плоштадот Тјенанмен во 1989 година. Наградата му беше врачена на претставник на неговото семејство, а на бината симболично стоеше празен стол и слика на местотот каде би требало тој да седи. Педесет и четиригодишниот Џиаобо е осуден на крајот на 2009-та година за “субверзија“ како коавтор на “Повелба 08“ во која се бара демократизација на Кина.
Истовремено, кинеските власти приведоа дваесетина дисиденти. Како што јавува Би-Би-Си, пријавени се уште 120 случаи на лица кои се ставени во домашен притвор, кои имаат ограничено патување, принудна промена на локација или слични мерки.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma