Велика Британија, како и поголем дел од Европа се завеани во снег. Стотина училишта низ земјата се затворени, а сообраќајот е отежнат. Во Шкотска на патиштата се “заробени“ 700-тина возила. Дополнителен проблем создаваат поларните температури кои до крајот на неделата би можеле да се спуштат и до 20 степени под нулата. На некои места студот го зголемуваат и силни ветришта. “Луѓето останаа заробени во снег поради празните акумулатори и неподготвеноста за временските услови. Непрекинато повторуваме дека мора да се информираат, да слушаат вести и да ги подготват своите возила за зимски услови“, вели Дарон Бурнс од Помош на патот, за локалните медиуми во Велика Британиja. Во Германија, поточно во Минхен и Фрнакфурт, поради ниските температури се откажани повеќе од 125 летови, а во Австрија поради обилните снежни врнежи блокирани се регионалните патишта кон Алпите. Слични состојби владеат и во Полска.
Извор: Нетпрес