Европската комисија покрена постапка против “Гугл“

slobodan29 ноември, 20101min00

Европската комисија денес објави дека покренала постапка против Гугл поради злоупотреба на доминантната положба во областа на интернет пребарувањето, јавува Би-Би-Си. “Гугл“ ги негира сите тужби изречени против нив и соопштуваат дека ќе соработува со ЕК во истрагата со цел да дојдат до резултати. “Откако Гугл почна со работа, се трудевме да работиме по сите принципи за да ги задоволиме нашите корисници и целата индустрија“, изјавиле од “Гугл“. “Но секогаш останува простор за подобрување и ние ќе работиме со Европската Комисија на истрагата за да ги пронајдеме неправилностите во работењето“, додаваат од “Гугл“. Истрагата ќе се обиде да докаже дали методите на компанијата за генерирање на неплатени резултати, негативно влијае на рангирањето на другите компании, посебно на оние што нудат т.н вертикални пребарувачи.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma