Италијанската компанија Фиат ја разгледува можноста за продажба на дел од акциите од филијалата за производство на спортски автомобили Ферари, и компанијата Manjeti Mareli која произведува делови за автомобили, пред да се обезбеди мнозинскиот удел во Американскиот Крајслер, процениле аналитичарите по средбата со директорот Serdjom Markijoneom. Акциите на Фиат по обајвата на оваа вест, пораснале за три посто, што е највисоко во последните дваесетина години. Фиат поседува 20% од Крајслер и планира да го зголеми својот удел на 35% кога ќе се остварат целите од планот за реконструкција на американската компанија, која лани искочи од банкрот благодарение на Фиат и американската влада. Италијанскиот Фиат планира подоцна да го зголеми уделот на 51%, со што би станала мнозински сопственик на третата амаериканска копманија за автомобили, по Џенерал Моторс и Форд.