Во Германија, 64 годишен пензионер ентузијастички почнал со градба на визба. Се обезбедил со храна и пјалоци, цигли и малтер и работата започнала. Но, кога го завршил ѕидањето на последниот ѕид, сватил дека се наоѓа на погрешната страна, и останал затворен во сопствената визба. Таму останал цел викенд, и во понеделникот почнал со рушење на ѕид, но не на сопствениот, туку ѕидот на соседот. По бучавата која ја предизвикал, удирајќи со чекан во нивниот ѕид, соседите веднаш пријавиле во полиција.