Новиот HP таблет уред конечно го доби својот изглед и покрај кратката маркетинг кампања предходно, сепак HP сега превзема чекори за позиционирање на Slate 500 како бизнис уред, претставувајќи го својот потенцијал како уред и за прелистување на медиуми како и на iPad. Како што ветија од HP ти го објавија својот Windows 7 Slate компјутер пред крајот на годината. HP од неодамна почна да ги слуша потребите за Win7 уредите, кои се цел на бизнис корисниците. Slate 500 е веќе ставен во листата на бизнис компјутери на сајтот на компанијата, а неговиот опис е прилично досаден кој го предлага не толку како алтернатива за iPad, туку за продуктивно и ефикасно решение за релевантни производи/услуги уред, способен за работа во претпријатија со потреба од такви апликации. Перфомансите се базираат на Intel-Z540 Atom процесор, кој работи на 1,86 гигахерци, 2 GB RAM меморија, флеш меморија единици од 64GB простор за складирање. Изграден на 8,9 –инчен екран на допир, Wi Fi и Bluetooth 3.0 и тежи помалку од 700 грама.