Интерпол распиша “црвена потерница“ по Џулијан Асанж, основачот на интернет страницата “Викиликс“ со цел да обезбеди негово апсење доколку се појави во некој од земјите членки. Како што е објавено на сајтот на оваа меѓународна полициска организација секој кој има информација за Асанж треба за тооа да ја извести националната или локалната полиција, јавува Ројтерс. Како основа за потреницата е наведено “кривично дело од сексуална природа“ бидејќи Асанж е осомничен за силување. Тужбата против Асанж прво беше отфрлена, а потоа повторно активирана.
Извор: Нетпрес