Понекогаш вашиот компјутер може да се успори доколку дискот е недефрагментиран, ако имате малку простор на вашиот хард диск или пак, премалку меморија. Во тие моменти најверојатно треба да се сомневате и на присуството на вируси и malware. Еве начин како да се ослободите од тие несакани ѕверови кои може да го уништат вашиот компјутер: Мalware може да се дефинира како софтвер кој е дизајниран да инфилтрира компјутерски систем без било какво знаење или пак согласност на сопственикот. Терминот вирус пак, некогаш се употребува како израз кој ги вклучува сите форми на malware и слично, плус сите форми на вируси. Malware вклучува вируси, црвчиња, тројанци, spyware, adware, crime-ware и други несакани софтвери кои му штетат на вашиот PC. Сите овие софтвери заземаат дел од перформансите на компјутерот, односно крадат меморија, со што компјутерот работи поспоро. Првото нешто што ќе го напоменеме е да се внимава и при изборот на софтверот, што ќе ви помогне во искоренување на несаканите софтвери, затоа што тие самите можат да бидат еден вид на malware. Има неколку бесплатни софтвери на кои можете да им верувате, но ниту еден не е совршен. Веројатно најдобриот е Malwarebytes’ Anti-Malware, достапен за Windows 2000, XP, Vista и 7. Како втора опција може да го понудиме AVG Anti-Virus, или пак Avast. Прво што треба да направите е да го избришете вашиот претходен антивирус софтвер, за да може новиот да функционира со полна снага. Доколку користите Windows 7, тогаш ќе треба да го видите Microsoft Security Essentials софтверот. Исто така, ви го препорачуваме ESET NOD 32 или Smart Security. Со користењето на овие програми значително ќе се зголеми заштитата на вашиот верен компјутер.