Кина изрази загриженост поради воената вежба на САД и Јужна Кореја

slobodan24 ноември, 20101min00

Кина изрази голема загриженост во врска со одржувањето на заедничката воена вежба на армиите на САД и на Јужна Кореја, додека истовремено Северна Кореја се закани со нови напади врз својот јужен сосед, ако повторно има провокации, јави Ројтерс, пренесува Нетпрес. Во меѓувреме, Сеул објави дека ќе го зголеми бројот на своите војници стационирани во близина на островите, кои се на границата со Северна Кореја. Од друга страна, Вашингтон, пак, врши силен притисок врз Кина да влијае на Пјонг Јанг. Портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи, Хонг Ли, изрази загриженост на неговата земја за спроведувањето на воената вежба на САД и Јужна Кореја. Но, според објавеното, овојпат тонот на властите во Пекинг е многу поумерен во споредба со реакциите за претходните воени вежби.

Извор: Нетпрес

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma