На Македонија доделен грант за намалување на невработеноста

23 ноември, 20100

Околу осум илјади невработени лица ќе имаат можност да ја подобрат својата конкуреност на пазарот на труд и да најдат работа преку грантот што Македонија го доби од Европската комисија. “Станува збор за грант во вредност од 1,3 милиони евра, прв кој Европската комисија и го доделува на Република Македонија и на Агенцијата за вработување како дел од ИПА компонентата за развој на човечки ресурси. Грантот се доделува со цел да им се помогне на најкритичните групи на пазарот на трудот“, рече вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставревски, кој во името на Владата го потпиша договорот. Во тие групи спаѓаат невработени млади луѓе до 27 години, невработени жени и долгорочно невработени лица. Предвидени се посебни програми за секоја категорија. “Токму тоа е намерата на овој проект на секого да му се овозможи она што му е потребно за да во иднина може да придонесува за себе и за општество“, кажа Ставревски. Проектот ќе се одвива на централно, регионално и локално ниво. Заинтересираните корисници ќе може да се јават на јавен оглас. За 2011 е предвидена нова транша од 2,3 милиони евра, со која се очекува зголемување на бројот на корисниците, со цел да се преквалификуваат, доквалификуваат и да ги подобрат своите вештини.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi