Хаити се соочува со најголемата криза, после земјотресот на оваа карипска земја, кој ја потресе на 12 јануари, а животот го загубија 300.000 луѓе. Од колерата се заболеле 2394 жители, а погинале 208, се стравува дека доколку болеста дојде до престолнината Порт о Пренс ќе има многу повеќе жртви од болеста, бидејќи во камповите живеат повеќе од 1.5 милиони раселеници од земјотресот во катастрофални хигинески услови. Најлошо погодени области се Duin, Marchan Desalines и околу градот Saint Mark, кој се наоѓа 100 километри северно од престолнината. Меѓутоа заразата почнала брзо да се шири бидејќи се забележани случаи во градот Artibonit и 50 затвореници од затворот Mirebalais. Портпаролката на UN изјавила дека, додатен проблем е што заболените лица и посмртните останки од жртвите не се доволно добро изолирани во клиниките. Колерата е бактериско заболување, која се пренесува преку заразена вода и предизвикува акутна дијареа и повраќање, а може да доведе до дехидрација и смрт во рок од неколку саати.