Aрхеолозите ги имаат преведено речиси сите јазици кои некогаш се користеле. Сепак осум нетолку разбирливи записи останале и до ден денеска мистерија. Досега истражувачите не помогнале многу во изградба на компјутер кој че може да ги дешифрира овие јазици, а потребни се години за човечка логика и интуиција да ги открие овие тајни на древните скрипти. Но сега истражувачите во САД дизајнирале компјутерски систем кој најверојатно ќе може да ги препознава и дешифрира старите јазици. Методот започнува со правење на неколку претпоставки за јазикот и зборот, истражувачот од МИТ универзитетот ги изложува кои претпоставки би биле. Прво ке се детектира со кој постоечки јазик е најсличен, потоа преку ситематски начин да ја открие азбуката од еден во друг јазик и дали тајниот јазик има зборови кои се слични на познат јазик и на крај дали тајниот јазик има слични делови од зборот како префикси или суфикси. Јазиците делат заеднички предци, па дури и некои изумрени јазици имаат сличности со оние кои се употребуваат денес. Романските јазици како шпански или француски, доаѓаат од латинскиот, и доколку зборувате еден романски јазик постои голема шанса полесно да раберете и друг. Единствената разлика меѓу комјутерите е што тие не прават претпоставки, туку работата единствено со факти и наредби. Но, луѓето се сепак одлични толкувачи и обработените списи може брзо да ги стават во контекст со друг јазик. Новата компјутерска програма би можеле да ја користат археолозите и конечно да ги прочитаат древните јазици кои се останати како мистерија, и тоа би можеле да работат автоматски системи за превод, на пример како Google translate, кој досега работи само на 57 јазици. Како и да е, само прашање на време е кога секој јазик ќе може да биде преведен.