Deprecated: explode(): Passing null to parameter #2 ($string) of type string is deprecated in /home/popara/public_html/wp-content/themes/bold-news/views/author_reviews.php on line 4
Познатиот актер се обидел да се сокрие со смешен лажен нос и мустаќи. Тој најверојатно сакал да ги избегне папараците, но целиот исход бил неубедлив и комичен. Според Daily Mail, 54-годишниот актер бил фотографиран како излегува од канцеларија во Санта Моника. Неговите напори да се сокрие не траеле долго. Tој застанал со автомобилот и ги прашал папараците дали немаат ништо попаметно да прават, отколку да го следат. Фотографот го прашувал актерот дали навистина ја тепал својата поранешна девојка Оксана и дали има да каже нешто за себе? Актерот кој е познат по својата бунтовност и темперамент, останал смирен и рекол дека нема ништо да одговори, а потоа му се заблагодарил на фотографот што го снимал.