Муслиманите во Македонија и во светот денес го слават Курбан бајрам, најзначаен празник во исламот.Празникот што симболизира принесување на жртва се слави четири дена. За муслиманските верници Курбан бајрам е ден на верба во Бога, разбирање и љубов. На првиот ден од празнувањето мајките и татковците богато ги даруваат своите деца. Премиерот Никола Груевски за празникот испрати честитка до претседателот на Исламската заедница во Македонија, еис Ул Улема, Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи.
“Нека светоста на овие денови, и добриот збор помеѓу луѓето, бидат обележје и за овогодинешниот Курбан Бајрам. Хуманизмот помеѓу верниците, нивните роднини и пријатели, простувањето и милоста кон секој добронамерник, верувањето во добрината, нека ги зголемат љубовта помеѓу луѓето, почитувањето и толеранцијата. Тоа се доблести кои го краселе нашето општество, доблести кои неуморно сме ги граделе и доблести кои и во иднина ќе ги негуваме и празнуваме. Верувајќи во вредностите и доблестите, сите ние заеднички да продолжиме со изградбата на општество кое ќе овозможува услови за подобар и посреќен живот на граѓаните, и можности за економски, образовен и културен напредок. Да продолжиме да ја развиваме, модернизираме, промовираме и унапредуваме Република Македонија“, пишува во честитката.
Извор: Нетпрес www.netpress.com.mk