Со скенирање на рожницата до податоци за идентификација

16 ноември, 20100

Полицијата во Њујорк започна со користење на технологија за скенирање на рожницата, па така извештаите од Менхетн веќе наликуваат на оние од филмот “Малцински извештај”. На овој начин ќе се овозможи подобра контрола на идентитетот на осомничените и притворените лица, од кои некои успеале да избегаат со користење на лажно име и идентификација, ќе помогне при недостатоците во системите. Во дополнение на стандардните отпечатоци и фотографија во базата на податоци ќе бидат зачувани и сликите од рожницата. Уредот изгледа како офтомолошки апарат за испитување на око, и може да се држи во рака. Скенерот доловува уникатени модели во боја од дел на окото и ги споредува подоцна, ако е потребно. Програмата е во вредност од 500.000 долари и наскоро ќе се прошири и на останатиот дел на градот.Од Сојузот за граѓански слободи се загрижени за граѓанските права, зошто се сомневаат дека оваа постапка може да ја загрози приватноста на граѓаните. Дона Либерман, извршен директор на Сојузот на Њујорк за граѓански слободи, рече дека полицијата не ја докажала неопходноста и сигурноста на скенерот, ниту ги оправдале трошоците на проектот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi