Британската полиција соопштила дека го уапсила основачот на контроверзната интернет страница “Викиликс”, Јулијан Асанж. Аспењето било спроведено на основа на потерницата на Интерпол по барање на Шведска, јавува Би-Би-Си. Асанж бил приведен утрово во 9.30 часот од лондонската полиција, и во текот на денот би требало да се појави пред судот во Вестминстер. Шведска го тужи основачот на Викиликс за сексуално злоставување и силување две жени во август оваа година и бара негова екстрадиција. Неговиот адвокат соопштил дека преговарал со полицијата за негово предавање.
Извор: Нетпрес