Американски агнети откриле уште еден тунел кој води од градот во Мексико Тијуан до Калифонискиот Сан Диего, кој претставувал најлесен пат за транспорт на дрога. Тунелот е долг 800 метри. Полицијата уапсила неколку лица за кои се сомнева дека имаат врска со тунелот, а недалеку од тунелот е откриена непозната количина на марихуана. Пред месец дена беше откриен ист ваков тунел, а тогаш полицијата заплени 30 тони марихуана, што е една од поголемите заплени на марихуана во САД. Локалната полција изјавила дека сака доволно добро да го истражи целиот случај, па ќе излезе на прес конференција на која ќе даде повеќе информации.