Пенелопе активна и пред самиот пораѓај
23 декември, 20100

Пенелопе Круз и нејзиниот сопруг, шпанскиот глумец Хавиер Бардем го чекаат своето прво дете. Иако Пенелопе, до пораѓајот ја делат само неколку недели, таа не седи мирно. Забележана е во Лос Анџелес како пазарува во пресрет на Божиќните празници, облечена како и секогаш со стил. Таа иако е во осмиот месец во бременоста, пред само неколку седмици имаше снимања за филмот ” Пиратите од Карибите”. Но, се снимаа само кадрите одблиску, а за останатите беше задолжена нејзината двојничка, сестра и Моника Круз.